Природен компир во комбинација со вкус на пиперка е она што го прави Стиза чипсот прв избор за уживање. Крцкавост, свежина и препознатлив вкус на вистински компир ќе измами насмевка на сечие лице.
Направен од внимателно избрани компири, ги задоволува највисоките стандарди за квалитет. Неговата крцкавост и едноставен вкус се она што го издвојува а штом еднаш го пробате секогаш ќе биде ваш прв избор.
Квалитетни компири, исечени на уште поспецијален начин, на секој од вас ќе му донесат тој богат вкус кој толку многу го сакаме. Препознатливиот медитерански вкус на павлака и кромид е сѐ што ви треба за едноставно уживање.
Апсолутен фаворит кај најмладите е стиза ребрестиот чипс од природни домашни компири и вкус на кечап. Без разлика дали ќе грицкате сами или ќе споделите со некого незамелнивиот вкус е загарантиран.
СТИЗА е отворена во 2016. година со производна површина од 1.200 квадратни метри и располага со најсовремена опрема на врвно светско ниво.
Она што е од особено значење е тоа што ова е прво македонско производство на чипс од свеж македонски компир.
Мисијата на СТИЗА е да да ви го разубави секој момент на уживање во омилениот филм, музика, спорт и дружење со пријателите.
Благодарение на разновидната понуда на вкусови и форми, секој ќе го најде своето совршено уживање, без разлика дали барате нешто едноставно, или можеби позачинето. Секој ден да имаме подобар вкус со СТИЗА чипс.